Корисничко име Лозинка Пријави се
23.4.2018

Мохамед Салах е играч на годината во Премиер лигата

Мохамед Салах е најдобриот играч во Англија. Така избраа неговите колеги кои се натпреваруваат во сите рангови на англискиот фудбал.

Откако дојде во Ливерпул, Египѓанецот има феноменална сезона, во која досега во Премиер лигата постигна 31 гол, а 41 во сите натпреварувања.
Салах во саботата го изедначи рекордот во 38 кола долгата сезона со 31 постигнат гол, а пред него тоа им успеа на Алан Ширер, Кристијано Роналдо и Луис Суарес. Три погодока го делат од рекордот во сезоната од 42 кола – по 34 имаат постигнато Енди Кол и Ширер.
Египѓанецот постави низа рекорди во црвениот дрес, а пред него и пред соиграчите е завршницата на сезоната, но и полуфиналето на Лигата на шампионите.
Лерој Сане е најдобриот млад играч на годината.
Тимот на годината во Премиер лигата го сочинуваат: Давид де Хеа, Николас Отаменди, Јан Вертонген, Маркос Алонсо, Давид Силва, Кевин де Бројне, Кристијан Ериксен, Мохамед Салах, Хари Кејн и Серхио Агуеро.

 

Најнови вести