Корисничко име Лозинка Пријави се
25.4.2018

Ди Франческо: Ако не верувате во пресврт, останете дома

Еузебио ди Франческо, тренерот на Рома, по поразот од Ливерпул во полуфиналето на Лигата на шампионите изјави дека неговата екипа во реваншот во Рим ќе изгледа поинаку и дека е можно да направи пресврт.

Рома во оваа сезона веќе беше во ситуација да има гол во гости и да има дефицит од три гола. Сега против Ливерпул има заостанување од 5-2, па со право се прават паралели во однос на четврт-финалниот натпревар, кога Рома ја елиминира Барселона од Лигата на шампионите.
„Пред натпреварот со Барселона рековме дека веруваме во понатамошен пласман и тоа го кажувам и сега. Вчера екипата ја изгуби самодовербата и целосно бевме расформирани. Тоа не смееше да се случи колку голови и да примевме. Во следниот натпревар ќе видите поинаква Рома. Губевме еден куп дуели во секој дел на теренот, лесно ја продававме токата, нивните напади секогаш доаѓаа кога ние лесно ќе им ја дадевме топката“, изјави Еузебио ди Франческо, тренерот на Рома.
„Бевме мртви, но сега имаме малку живот и мораме да го искористиме начинот на игра што го имавме проти Барселона. Мораме да веруваме и да се надеваме и со наште навивачи мислам дека на Ливерпул ќе му биде тешко на ‘Олимпико’. Не ни требаат чуда, туку само да веруваме. Ова е прво полуфинале за Рома по три децении, не сме навикнале многу, но да ве потсетам: овој дуел не е завршен! Кој не верува во пресврт, нека остане дома. Се чувствувам одговорен, но и понатаму сме во полуфиналето“, додаде Ди Франческо.

Најнови вести