Корисничко име Лозинка Пријави се
26.4.2018

Рамос: Во Мадрид да ги довршиме

Серхио Рамос, капитенот на мадридскиот Реал, по триумфот над Баерн во првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите изјави дека Мадриѓаните мора да го повторат изданието од Минхен во реваншот во Мадрид.

Кралскиот клуб славеше по пресвртот со 2-1 и се наоѓа во добра позиција пред реваншот на „Сантијаго Бернабеу“.
„Знаевме што нè чека. Дадовме два гола и успеавме да ги поврземе редовите. Можеби некои очекуваа да победиме со 3-0, но Баерн е голем ривал. Сега мораме да го довршиме на нашиот стадион. Мораме да ја повториме ваквата партија и во Мадрид“, изјави Рамос.
По голот на Асенсио во 57-мата минута, Баерн создаде неколку шанси, но Реал во финишот целосно го контролираше нападот на Баварците.
„Беше очекувано да нè притиснат и да одиграат силно до самиот крај. Меѓутоа, во продолжението на натпреварот успеавме да го убиеме ‘натпреварот’“, додаде капитенот на клубот од Мадрид.
Лоша вест за Реал е повредата на десниот бек Карвахал, кој го напушти теренот во второто полувреме. Неговата позиција во финишот на натпреварот ја зазеде Лукас Васкес.
„По повредата на Карвахал, моравме да ја промениме поставата и морам да ја истакнам партијата на Лукас Васкес, кој навистина го остави срцето на теренот“, изјави Рамос.
Реваншот меѓу Реал Мадрид и Баерн Минхен се игра во вторник, од 20.45 часот.

Најнови вести