Корисничко име Лозинка Пријави се
28.4.2018

Буфон: Мораме да ја зачуваме предноста

Џанлуиџи Буфон, голманот на Јувентус, изјави дека неговата екипа мора да биде мирна за да го зачува првото место на табелата.

„Фрливме пет многу важни бодови во последните натпревари, но и понатаму сме на првото место на табелата, иако со предност од еден бод. Наша цел и должност е тоа да го зачуваме до крајот на сезоната“, изјави Буфон, а потоа демантираше дека имал судир со соиграчот Медхи Бенатија по поразот од Наполи во неделата.
„Тоа се обиди да се дестабилизира заедништвото на екипата. Никој, за време од моите 17 години во Јувентус, не покажал прст во соиграч и да го обвинува за пораз и тоа никогаш нема да се случи додека сум јас капитен на оваа екипа“, додаде голманот на „старата дама“.
Легендарниот чувар на мрежата изјави дека смета дека секој следен натпревар е важен.
„Натпреварот против Интер е одлучувачки, но тоа ќе биде и во дуелите против Болоња, Рома и Верона. Исто така, играме и во финалето на Купот“, изјави Буфон.

Најнови вести