Корисничко име Лозинка Пријави се
30.4.2018

Монтела – пет месеци, два откази

Италијанскиот стручњак Винченцо Монтела доби отказ во Севилја по елиминацијата од Лигата на шампионите и серијата од лоши резултати во шпанската Примера.

Ова за славниот напаѓач е втор отказ во само пет месеци откако во ноември минатата година беше отпуштен од Милан.
На клупата на Севилја беше од крајот на декември, а капката која ја прели чашата беше поразот од Леванте во Ла лига, додека последната победа ја оствари против Манчестер јунајтед во четврт-финалето од Лигата на шампионите.
Неговото место ќе го преземе Хоакин Капарос барем до крајот на сезоната.
„Севилја го отпушти Винченцо Монтела по серијата лоши резултати во која последната победа беше против Манчестер јунајтед на 13-ти март. Капарос ќе го води тимот до крајот на сезоната и тогаш ќе му биде доделена улога во зависност од тоа како ќе се реорганизира стручниот штаб на клубот“, се вели во соопштението на клубот.
Капарос веќе го водеше тимот од 2000 до 2005 година, а Севилја под негово водство во 2001 година се врати во шпанското елитно друштво.

 

Најнови вести