Корисничко име Лозинка Пријави се
30.4.2018

Меси ја круниса Барселона на „Ријазор“ и ја прати Ла Коруња во втората лига

Фудбалерите на Барселона ја освоија 25-тата титула шампион на Шпанија, седма во последните десет години и така стигнаа до двојната круна откако минатиот викенд го освоија и Кралскиот куп.

Каталонците овогодишната Ла лига официјално ја освоија со победата на гости кај Ла Коруња со 4-2 и со тоа стигнаа до недостижни 11 бода разлика пред второпласираниот Атлетико Мадрид, со натпревар помалку од ривалот на три кола пред крајот на сезоната.
Барселона по првите 40 минути имаше предност од 2-0 со головите на Кутињо и Меси, но до 64-тата минута домашните преку Лукас Перес и Емре Чолак го израмнија резултатот.
По изедначувањето Ла Коруња доминираше на теренот и ја притисна одбраната на гостите, но во самиот финиш Меси по една комбинација со Суарес ја доведе Барселона во водство. Неколку минути подоцна уругваецот повторно му асистираше на Меси за хет-трик со кој го престигна Мохамед Салах на првото место на листата на најдобри стрелци во Европа со 32 гола.
Ла Коруња со овој пораз и дефинитивно е елиминиран во понизок ранг на шпанскиот фудбал заедно со Лас Палмас и Малага.

Најнови вести