Корисничко име Лозинка Пријави се
02.5.2018

Хејнкес: Бевме подобри, но им подаривме два гола

Јуп Хејнкес, тренерот на Баерн Минхен, по елиминацијата од Реал Мадрид во полуфиналето на Лигата на шампионите, изјави дека неговата екипа била подобра на двата натпревари, а исто така додаде дека не сака да го коментира судењето.

Баерн ќе мора да се помири со поразот иако во сите 180 одиграни минути изгледаше доста добро против Реал. Исто така, Баварците ги делеше само гол од пласманот во финалето, но во Мадрид останаа на нерешен резултат 2-2.
„Одигравме одличен натпревар. Бевме подобри во двата натпревара. Во првото полувреме игравме на врвно ниво, а потоа по таквата грешка, сè е многу потешко. Кејлор Навас беше најдобриот играч на Реал синоќа. На крајот не беше досуден пенал, очигледно беше дека тоа е пенал, но не сакам да го коментирам судењето бидејќи ние на Реал му подаривме два гола. Кога ќе се погледнат двата натпревара, мислам дека заслуживме финале“, изјави Јуп Хејнкес, тренерот на Баерн Минхен.

Најнови вести