Корисничко име Лозинка Пријави се
02.5.2018

Ди Франческо: Нема да менуваме сè поради Салах

Еузебио ди Франческо, тренерот на Рома, изјави дека неговите играчи не смеат целото внимание да му го посветат само на Мохамед Салах, кој во првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите им даде два гола и со тоа му помогна на Ливерпул да победи со 5-2.

Египќанецот оваа сезона постигна 43 погодоци, а првиот тренер на римскиот тим изјави дека тој сепак не единствената грижа на Рома.
„Не можам да го изменам целиот состав само поради еден играч кој го обележа првиот натпревар. Ниту можам да им кажам на играчите дека сите мора да внимаваат на Салах. Мораме повеќе да работиме на нашата игра. Слушнав дека луѓето зборуваат дека одбраната со тројца играчи не е како онаа со петмина. Тоа е како кога играме со постава 4-3-3, а некогаш е посоодветно со 4-5-1. Мораме подобро да го читаме ривалот, не сите да се посветиме само на Салах“, изјави Ди Франческо.
Реваншот меѓу Рома и Ливерпул се игра вечерва, од 20.45 на „Олимпико“.

Најнови вести