Корисничко име Лозинка Пријави се
07.5.2018

Кристијано Роналдо не е сериозно повреден

Кристијано Роналдо, фудбалерот на Реал Мадрид, не е сериозно повреден на натпреварот со Барселона во Примера лигата.

„Моментно не е баш најдобро, но мислам дека не е сериозно. Има болка, но мислам дека тоа е минорна работа“, изјави Зинедин Зидан, тренерот на Реал, за шпанските медиуми.
Португалскиот фудбалер беше заменет на полувремето на синоќешниот натпревар од шпанското првенство, кој заврши нерешено 2-2.
Роналдо во текот на денешниот ден ќе има лекарски прегледи и веројатно ќе биде подготвен за финалето на Лигата на шампионите на 26-ти мај. Зинедин Зидан не можеше да прецизира колку точно ќе паузира Роналдо.

Најнови вести