Корисничко име Лозинка Пријави се
08.5.2018

Во Мадрид им олесни, Роналдо не е сериозно повреден

Кристијано Роналдо, првата ѕвезда на Реал Мадрид, не се повредил сериозно во ремито на својата екипа со Барселона во 36-тото коло на Примера лигата.

Португалскиот фудбалер беше заменет на полувремето на натпреварот од шпанското првенство во неделата вечерта, кој заврши нерешено со 2-2.
„Моментно не е баш најдобро, но мислам дека не е сериозно. Има болки, но тоа е минлива работа“, изјави Зинедин Зидан, тренерот на Реал, за шпанските медиуми.
Кристијано Роналдо немаше значителен учинок до повредата во натпреварот кој беше обележан од повеќе спорни моменти.
Роналдо вчера направи лекарски прегледи и најверојатно ќе биде подготвен за финалето на Лигата на шампионите на 26-ти мај против Ливерпул во Киев.
Зинедин Зидан изјави дека не може да прецизира колку точно ќе паузира Роналдо.

Најнови вести