Корисничко име Лозинка Пријави се
03.1.2012

Меси стигна во Барселона, утре веројатно нема да игра

Најдобриот светски фудбалер Лионел Меси дури вчера попладне се врати во Барселона од продолжениот одмор во родната Аргентина.

Иако, според претходните најави, во каталонската престолнина Меси требаше да се врати на Нова година и вчера да го одработи својот прв тренинг со соиграчите, дополнително дошло до промена на планот, а причината не е позната. Во секој случај, 24-годишниот напаѓач веднаш по слетувањето на барселонскиот аеродром „Ел Прат“ со такси се упати во клупскиот тренинг-центар и го одработи тренингот којшто траеше 45 минути.
Денес Меси ќе тренира со соиграчите под надзор на тренерот Пеп Гвардиола, кој својот најдобар играч, веројатно, ќе го поштеди од настапот во првиот натпревар во осминафиналето на Кралскиот куп , во кој Барселона утре ја дочекува Осасуна.

Најнови вести