Корисничко име Лозинка Пријави се
16.5.2018

Германците со списокот за Мундијалот како албум на „Панини“

Додека некои ги читаат списоците на играчи за Мундијалот на телевизија, други ги објавуваат на социјалните мрежи, Германците тоа го направија креативно, во стилот на албумот на „Панини“.

Тие списокот на играчи го залепија на зградата на Фудбалскиот сојуз на Германија.
Германија се подготвува за одбрана на светската шампионска титула од 2014 година со истиот селектор, Јоахим Лев, и со проверени сили на теренот.
Германската репрезентација ќе игра со Мексико, Јужна Кореја и Шведска.
Мануел Нојер, Марк-Андре тер Штеген, Бернд Лено и Кевин Трап ќе го чуваат голот на Германија, а пред нив ќе бидат Џером Боатенг, Џонатан Тах, Антонио Ридигер, Јонас Хектор, Матијас Гинтер, Матс Хумелс, Џошуа Кимих, Марвин Платенхарт и Никлас Зиле.
За давање голови ќе бидат задолжени играчите за врска и напаѓачите: Јулијан Брант и Јулијан Дракслер, Марио Гомес, Леон Горецка, Илкај Гундоган, Сами Хедира, Тони Крос, Томас Милер, Месут Озил, Нилс Петерсен, Марко Ројс, Себастијан Руди, Лерој Сане и Тимо Вернер.
Списокот сè уште е подложен на промени.

Најнови вести