Корисничко име Лозинка Пријави се
17.5.2018

Христодулопулос јa запали Грција – повторно направи трансфер во ривалски тим

Грчкиот фудбалер Лазарос Христодулопулос стана прв играч кој ги носел дресовите на четирите најголеми клубови во земјата откако дресот на АЕК го замени за тој на Олимпијакос.

Христодулопулос беше еден од творците на сензационалното освојување на шампионската титула на Грција со АЕК, но одби да го продолжи договорот и без оштета отиде во редовите на ривалот од Пиреј.
Управата и навивачите на „жолто-црните“ со месеци вршеа притисок врз 31-годишниот играч за врска, но тој на крајот на сезоната, откако АЕК ја освои титулата по 24 години, одлучи да ја прифати понудата на Олимпијакос со годишна плата од 600.000 евра.
Со таквиот потег стана прв фудбалер кој играл за четирите најголеми грчки клубови, од ПАОК направи трансфер во Панатинаикос, а потоа од АЕК во најтрофејниот клуб во земјата.
Во текот на кариерата настапуваше и во италијанската Серија А за Болоња, Сампдорија и Верона.

 

Најнови вести