Корисничко име Лозинка Пријави се
17.5.2018

Вилшер, Стоунс и Харт отпаднаа од списокот за Мундијалот

Герет Саутгејт, селекторот на Англија, ги објави имињата на 23-цата фудбалери кои ќе ги поведе на Светското првенство во Русија.

Од прелиминарниот список отпаднаа: Џек Вилшер, Крис Смолинг, Рајан Бертранд, Џон Стоунс и Џо Харт.
Како што е соопштено, доколку дојде до повреда на некој од патниците за Русија, во конкуренција останаа: Том Хитон, Џејмс Тарковски, Луис Кук, Џеј Ливермор и Адам Лалана.
Англија на Светското првенство во групата Г е со Тунис, Панама и Белгија.
На списокот на Герет Саутгејт се:
Голмани: Џек Батланд, Џордан Пикфорд и Ник Поуп;
Одбранбени играчи: Фил Џонс, Кајл Волкер, Гери Кејхил, Хари Магвајр, Трент Александер–Арнолд, Ешли Јанг, Киеран Трипие;
Играчи на средината на теренот: Џордан Хендерсон, Ерик Дајер, Деле Али, Џеси Лингард, Рахим Стерлинг, Фабијан Делф, Рубен Лофтус-Чик;
Напад: Хари Кејн, Џејми Варди, Маркус Рашфорд и Дени Велбек.

Најнови вести