Корисничко име Лозинка Пријави се
18.5.2018

„Волците“ блиску до опстанокот во Бундеслигата

Фудбалерите на Волфсбург го победија Холштајн Кил со резултат 3-1 во првиот натпревар за пополнување на Бундеслигата.

Волфсбург, кој сезоната во Бундеслигата ја заврши на 16-тото место, ја совлада третопласираната екипа во Цвајт со головите на Дивоко Ориги во 13-тата, Јосип Брекала во 40-тата и на Јунус Малји во 54-тата минута.
Единствениот гол за Холштајн Кил го постигна Кингсли Шиндлер во 34-тата минута од натпреварот.
Најубавиот погодок на натпреварот беше постигнат во 40-тата минута, кога хрватскиот напаѓач во редовите на Волфсбур одлично и силно шутираше од работ на шеснаесетникот под пречката на голот на Холштајн Кил.
Вториот натпревар на програмата е на 21-ви мај во Кил.
Од Бундеслигата испаднаа Келн и Хамбургер, додека од Цвајт влегоа Фортуна Диселдорф и Нирнберг.

Најнови вести