Корисничко име Лозинка Пријави се
19.5.2018

Бјелица четврти тренер на Динамо сезонава

Ненад Бјелица, неодамнешниот тренер на полскиот Лех, е нов шеф на стручниот штаб на Динамо од Загреб, се наведува во соопштението на шампионот на Хрватска.

Клубот од „Максимир“, и покрај освојувањето на титулата, во четвртокот го смени тренерот Никола Јурчевиќ, а замена најде во човекот кој во кариерата освен Лех, водеше и неколку австриски нисколигаши, италијанската Специја и Австрија од Виена.
Доаѓањето на хрватскиот тренер донесе и можност Динамо да ангажира неколку играчи од полскиот шампионат, а меѓу нив се споменува и најдобриот стрелец на лигата, Бразилецот Карлитос, кој во дресот на Висла оваа сезона постигна 24 погодоци.
Бјелица е четврти тренер на Динамо оваа сезона, по Никола Јурчевиќ, Марио Цвитановиќ, Ивајло Петев, а до крајот на сезоната ќе се обиде на клубот да му ја донесе двојната круна, бидејќи го чека финалето на националниот куп против најголемиот ривал – Хајдук од Сплит.

Најнови вести