Корисничко име Лозинка Пријави се
19.5.2018

Фудбалот е жив – Парма се врати во Серија А

Фудбалерите на Парма, по неколку години агонија, изборија пласман во Серија А.

Некогашните „млекари“ кои во текот на 2015 година прогласија банкрот, се враќаат во елитата, и тоа на каков начин – со неверојатен расплет во последното коло.
Екипата која ја води Роберто Даверса мораше да ја совлада Специја во гости, а тоа го направи со погодоците на Чераволо и Чичирети (2-0), но покрај тоа, мораше да се поклопи и резултатот на натпреварот меѓу Фрозиноне и Фоџа.
На Парма ѝ беше потребно Фрозиноне, кој беше на местото кое води во Серија А пред последното коло, да не победи, и тоа се случи. Домаќинот против Фоџа имаше шанси за пласман во Серија А, губеа со 1-0, направија пресврт на резултатот на средината на второто полувреме со погодоците на Паганини и Рубино и ја имаа победата во својот џеб.
Но за жал, Флоријано на Фоџа ѝ донесе бод во последната минута и автоматски ја испрати Парма во првата лига.
Покрај неа, Емполи одамна веќе избори пласман во Серија А.

Најнови вести