Корисничко име Лозинка Пријави се
19.5.2018

„Триколорите“ на Мундијалот ќе одат без Бензема, Лаказет, Мартијал...

Дидие Дешамп, селекторот на Франција, го соопшти списокот од 23-ца играчи кои ќе одат на Светското првенство во Русија.

Дешамп од главниот список ги изостави Александр Лаказет, Антони Мартијал, Адриен Рабио и, очекувано,  Карим Бензема.
Напаѓачот на Реал Мадрид изоставен е од списокот поради скандалот од 2015 година, кога наводно со неколкумина соиграчи го уценувале Метју Валбуена со секс-снимка.
Списокот со 23-цата играчи на Франција изгледа вака:
Голмани: Алфонс Ареола (ПСЖ), Уго Љорис (Тотенхем), Стив Манданда (Марсеј);
Одбрана: Лукас Ернандес (Атлетико Мадрид), Преснел Кимпембе (ПСЖ), Бенџамин Павар (Штутгарт), Бенџамин Менди (М. Сити), Џибрил Сидибе (Монако), Адил Рами (Марсеј), Самуел Умтити (Барселона), Рафаел Варан (Реал Мадрид);
Средина на теренот; Блез Матуиди (Јувентус), Н’голо Канте (Челзи), Стивен Нзонзи (Севилја), Пол Погба (М.Јунајтед), Корентен Толисо (Баерн Минхен);
Напад: Оливие Жиру (Челзи), Антоан Гриезман (Атлетико Мадрид), Килијан Мбапе (ПСЖ), Томас Лемар (Монако), Набил Фекир (Лион), Флоријан Товен (Марсеј), Усман Дембеле (Барселона).
На списокот не се најдоа и играчите: Кингсли Коман, Матје Дебиши, Мамаду Сако, Лукас Дињ, како и Дмитри Паје, кој се повреди во финалето на Европа.
Франција се наоѓа во групата Ц со репрезентациите на Австралија, Перу и Данска. Светското првенство на програмата е од 14-ти јуни до 15-ти јули.

Најнови вести