Корисничко име Лозинка Пријави се
19.5.2018

Реал против Фенербахче во финалето на Евролигата

Кошаркарите на Реал Мадрид се вторите финалисти на Евролигата и утре, во 20 часот, за трофејот ќе играат во белградската„ Штарк арена“ со Фенербахче, актуелниот шампион на Европа.

Кралскиот клуб славеше против ЦСКА со 92:83 и со тоа приреди изненадување, со оглед на тоа дека Московјаните беа благи фаворити на хартија.
Мадриѓаните утре ќе се обидат да дојдат до десеттиот трофеј на Евролигата во историјата, а од друга страна, Фенербахче ќе сака да го одбрани трофејот и, исто така, да дојде до двоцифрен број највредни титули.
Актуелниот шампион на Европа во првиот полуфинален натпревар го победи Жалгирис.
ЦСКА многу подобро го почна натпреварот и во првата четвртина постигна дури 30 пени, но Реал ги доби преостанатите три дела и за прв пат од 2015 година обезбеди место во финалето.
„Армејците“ во изминатите 17 сезони не биле учесници на завршниот турнир, а трофејот го имаат освоено само три пати.
Лука Дончиќ натпреварот го заврши со 16 поени (2/6 за три), седум скокови и две асистенции, толкав број поени постигнаа и Серхио Љуљ (3/7 за три), Густаво Ајон (11 скокови), а Треј Томпкинс додаде 12 и Џеј Керол девет.
Најефикасни кај ЦСКА беа Нандо де Коло со 20 поени (1/5 за два, 4/10 за три), Вил Клајбурн и Кајл Хајнс постигнаа по 16, а Кори Хигинс 15.

Најнови вести