Корисничко име Лозинка Пријави се
21.5.2018

Златната копачка по петти пат за Меси

Лионел Меси, напаѓачот на Барселона, ја освои Златната копачка во сезоната 2017/18.

Аргентинскиот репрезентативец постигна 34 гола во 36 натпревари на шпанското првенство, кое заврши вчера со триумфот на Каталонците против Реал Сосиедад.
Меси собра 68 бода, четири повеќе од Мохамед Салах, најдобриот стрелец на Ливерпул (32 гола во 36 натпревари во Премиер лигата). На третото место е Хари Кејн, напаѓачот на Тотенхем, со 30 погодоци во 37 дуели на англискиот шампионат.
Претходно, Меси најдобар стрелец на европските шампионати беше во 2010, 2012, 2013 и во 2017 година.
Во конечниот збир во борбата за Златната копачка бројот на голови кои ги постигнал играчот се множи со соодветниот коефициент на шампионатот. Голот постигнат во Топ 5 првенствата се множи со два.
Топ десет
1. Лионел Меси (Барселона) – 34 гола (68 поени),
2. Мохамед Салах (Ливерпул) – 32 (64),
3. Хари Кејн (Тотенхем) – 30 (60),
4. Роберт Левандовски (Баерн Минхен) – 29 (58),
5. Чиро Имобиле (Лацио) – 29 (58),
6. Мауро Икарди (Интер) 29 (58),
7. Единсон Кавани (ПСЖ) – 28 (56),
8. Кристијано Роналдо (Реал Мадрид) – 26 (52),
9. Жонас (Бенфика) – 34 (51),
10. Луис Суарес (Барселона) – 25 (50).

Најнови вести