Корисничко име Лозинка Пријави се
22.5.2018

Пелегрини официјално кај „чеканите“

Нов менаџер на Вест хем од денес и официјално е чилеанскиот стручњак Мануел Пелегрини.

Искусниот тренер би требало да биде претставен денес, а како што се наведува, последните договори во врска со тригодишната соработка биле постигнати синоќа.
Тој на клупата на „чеканите“ го наследи Дејвид Мојс, кој клубот го напушти само по шест месеци бидејќи Вест хем сезоната ја заврши на 13-тото место.
Пелегрини во претходните две години беше на клупата на кинескиот Хебеј.
Во Премиер лигата со Манчестер сити ја освои шампионската титула во 2014 година.

Најнови вести