Корисничко име Лозинка Пријави се
22.5.2018

Сампаоли ги одбра Аргентинците: Дибала тука, Икарди без Мундијал

Хорхе Сампаоли, селекторот на фудбалската репрезентација на Аргентина, го соопшти списокот од 23-цата играчи за претстојното Светско првенство во Русија.

На списокот на Сампаоли за Русија се најде Пауло Дибала, напаѓачот на Јувентус, но немаше место за Мауро Икарди, најдобриот стрелец на Серија А и напаѓач на Интер.
Тој со 29 погодоци го предводеше Интер до пласманот во Лигата на шампионите, но предност во однос на него добија: Лионел Меси, Гонзало Игуаин и Серхио Агуеро.
Меѓу патниците за Русија се само осуммина играчи кои го носеа дресот на Аргентина на Светското првенство 2014 година.
Аргентина на Мундијалот ќе игра во групата Д со Хрватска, Исланд и Нигерија.
Тимот на Аргентина за Светското првенство:
Голмани: Серхио Ромеро (Манчестер јунајтед), Вили Кабалјеро (Челзи), Франко Армани (Ривер плате);
Одбрана: Габриел Меркадо (Севилја), Кристијан Ансалди (Торино), Николас Отаменди (Манчестер сити), Федерико Фазио (Рома), Маркос Рохо (Манчестер јунајтед), Маркос Акуња (Спортинг), Николас Талјафико (Ајакс);
Ред за врска: Хавиер Маскерано (Хебеј), Едуардо Салвио (Бенфика), Лукас Билја (Милан), Џовани Ло Селсо (ПСЖ), Евер Банега (Севилја), Мануел Лансини (Вест хем), Анхел ди Марија (ПСЖ), Максимилијано Меса (Индепендиенте), Кристијан Павон (Бока јуниорс);
Напад: Лионел Меси (Барсеолна), Пауло Дибала (Јувентус), Гонзало Игуаин (Јувентус) и Серхио Агуеро (Манчестер сити).

Најнови вести