Корисничко име Лозинка Пријави се
22.5.2018

ПСЖ со Буфон по Лигата на шампионите

Џанлуиџи Буфон минатиот викенд се збогува од Јувентус по 17 години поминати на голот на „старата дама“.

Иако сите очекуваа дека тоа воедно ќе значи и крај на кариерата на големиот Џиџи, тоа сепак нема да биде така.
Како што пренесува италијанскиот „Скај спортс“, еден од најдобрите голмани на сите времиња блиску е до потпишување двегодишен договор со ПСЖ.
„Буфон е фантастичен голман, многу е харизматичен и е вистински џентлмен. Верувам дека го сакаат сите клубови. Повторно, ние го имаме Алфонсо Ареола и тој ќе биде наш прв чувар на мрежата и наредната сезона“, изјави неодамна Насер Ал-Келаифи, сопственикот и претседател на ПСЖ, додека се очекува Кевин Трап да го напушти Париз ова лето.
Четириесетгодишниот Џанлуиџи сè уште не сака да се повлече, дури и неколку пати го истакнуваше тоа во текот на сезоната, како опции се споменуваа Бока јуниорс и неговата Парма, која во меѓувреме се врати во Серија А, но се чини дека Буфон и понатаму не се откажал од Лигата на шампионите – единствениот трофеј, покрај Европското првенство, кој му недостасува.
Наводно, „светците“ се подготвени да му понудат неверојатни 14 милиони евра по сезона, речиси десет милион повеќе отколку што заработуваше во Торино.
„Потребен ми е мир оваа седмица, да анализирам сè. Таквата одлука не е лесна, на 40 години не можам да пресечам во моментот“, изјави Буфон за „Скај Италија“.

 

Најнови вести