Корисничко име Лозинка Пријави се
23.5.2018

Левандовски главна цел на Челзи

Фудбалскиот клуб Челзи сака во своите редови да ја доведе првата ѕвезда на Баерн Минхен, Роберт Левандовски!

Оваа сезона беше една од најлошите откако лондонскиот клуб го презеде Роман Абрамович. „Сините“ успеаја да го освојат само ФА купот, но во Премиер лигата не можеа никако да се споредат со Манчестер сити, па пребогатиот Русин стана свесен дека мора дебело да го одврзи ќесето доколку сака неговиот клуб следната сезона да биде конкурентен како во англиското првенство така и во меѓународните натпреварувања, со оглед на тоа дека се изборија само за квалификациите за Лигата на Европа.
Од таа причина, Абрамович спас гледа во Роберт Левандовски, фудбалерот на Баерн од Минхен. Германците не сакаат да се откажат од услугите на одличниот Полјак, кој минатата година изјави дека по една година играње во клубот од Минхен, дошол до извесно презаситување, па би сакал да се проба во некоја друга средина.
Напаѓачот првенствено сака да оди во Реал Мадрид, но неговиот трансфер во шпанскиот клуб досега повеќе пати пропаѓаше, првенствено поради тоа што Баварците сакаат да демонстрираат сила и да му докажат на Кралскиот клуб дека не мора да му ги продаваат играчите.
Полските медиуми пишуваат дека самиот Левандовски по разговорот со Абрамович, почнал сериозно да размислува за трансфер во Челзи.

Најнови вести