Корисничко име Лозинка Пријави се
23.5.2018

Анчелоти повторно во Италија, го презема Наполи

Познатиот италијански тренер Карло Анчелоти ќе ги води фудбалерите на Наполи, објави „Кориере дело спорт“.

Како што се наведува, трофејниот стручњак договорил двегодишна соработка со Аурелио де Лаурентис, претседателот на Наполи, и ќе го замени Маурицио Сари, кој се очекува да замине во Челзи.
Анчелоти ќе добива плата од 6,5 милиони евра по сезона, со опција и третата година да го предводи клубот од „Сан Паоло“.
Поранешниот тренер на Јувентус, Реал Мадрид, Челзи, ПСЖ и Баерн Минхен се враќа во Серија А по девет години и по успешниот период во Милан (ги освои Скудетото и два пати Лигата на шампионите).
Шампион на Европа беше и како играч со Милан (два пати), како тренер и со Реал Мадрид, а шампионската титла ја освои во сите земји во коишто ги водеше наброените клубови.
Тој во Наполи доаѓа со цел да ја прекине седумгодишната доминација на Јувентус.

Најнови вести