Корисничко име Лозинка Пријави се
28.5.2018

Монпелје на врвот на Европа, падна Нант во големото финале

Монпелје е новиот шампион на Европа. Славниот француски клуб го направи најголемото изненадување на овогодишното натпреварување и на крајот успеа да се искачи на врвот на Европа.

Тимот од југот на Франција во големото финале го победи Нант со 32-26 и со тоа стигна до втората титула во историјата на клубот. И двата тима почнаа убаво и борбено во финалето и во борбата за највредниот трофеј.
Овогодишното изненадување на Лигата на шампионите, Нант подобро го отвори натпреварот, по седум минути поведе со 4-2, но играчите на Монпелје со погодоците на Фабрегас и Симонет во 11-тата минута дојдоа до 5-5.
Од тој момент сè му одеше од рака на Монпелје, кој успеа да ја контролира играта и во 20-тата минута поведе со три гола, 7-10.
Нант се обидуваше да се врати во живот и повторно да ја преземе работата во свои раце, но не му успеа. До крајот на првото полувреме Монпелје успеа да ја задржи предноста до три гола (13-16).
Играчите на Нант малку посигурно и подобро го почнаа вториот дел од средбата и успеаја повторно да се приклучат и да дојдат до заостанување од еден гол. Во неколку наврати имаа шанса да изедначат, но не успеаја.
Играта на Монпелје беше одлична, брза, лесно ги решаваа ситуациите во нападот, додека во одбраната успеваа да им се спротивстават на одличните и силни играчи на Нант.
Веројатно Кире Лазаров и другите играчи се испразнија во полуфиналната средба, па тешко наоѓаа сила да решат некои речиси едноставни акции.
Во 49-тата минута резултатот беше 22-23, а играчите на Нант дури три пати имаа шанса конечно да дојдат до изедначување, но ниту една не ја искористија.
Во 51-вата минута, кога резултатот беше 23-24, Гурбиндо погоди од пенал за 24-24.
Но радоста на Нант не траеше долго бидејќи Монпелје успеа брзо да се прибере, направи серија од 5-0 и во 56-тата минута дојде до 24-29.

Најнови вести