Корисничко име Лозинка Пријави се
29.5.2018

Фабињо потпиша за Ливерпул

Ливерпул го донесе Бразилецот Фабињо од Монако за 45 милиони евра.

Само два дена по поразот од Реал Мадрид во финалето на Лигата на шампионите, клубот од Енфилд почна со засилувањата за новата сезона во која има големи амбиции, а од претходно е договорен и трансферот на Наби Кеита од Лајпциг.
„Не размислував. Кога некој клуб како Ливерпул ве бара, нема што да размилувате. Ова е џиновски клуб. Се радувам што ќе носам овој дрес. Едвај чекам да излезам пред навивачите и да видам како ќе ме дочекаат. Сакам да станам дел од клупската историја“, изјави дваесет и четиригодишниот Фабињо кој игра на позицијата последен играч за врска и десен бек.
Следна цел е одличниот француски репрезентативец Набил Фекир од Лиона која сезонава постигна 23 голови. Ливерпул пратил и прва понуда во висина од 69 милиони евра.
„Црвените“ се заинтересирани и за голманот на Рома, Алисон Бекер, и сакаат да го направат најскап голман во историјата.

Најнови вести