30.5.2018 Блан главен кандидат за клупата на Челзи
Италијанецот Маурицио Сари долго време беше најсериозен кандидат за да го наследи сонародникот Антонио Конте на клупата на Челзи, но изгледа дека раководството на „сините“ се премислило.
„Франс фудбал“ наведува дека Лоран Блан, поранешниот селектор на репрезентацијата на Франција и тренер на ПСЖ, моментно е најблиску до клубот од Лондон.
Челзи сè уште не потврдил дека нема да ја продолжи соработката со Антонио Конте, но јасно е дека односите меѓу менаџерот и челниците на клубот одамна не се на потребното ниво.
Сари неодамна го напушти Наполи и на негово место во Неапол стигна Карло Анчелоти, додека Блан, кој од 2001 до 2003 играше за Манчестер јунајтед, е без работа од 2016 година, откако се раздели од ПСЖ.
Челзи минатата сезона го освои ФА купот, а сезоната во Премиер лигата ја заврши на петтото место.