Корисничко име Лозинка Пријави се
02.6.2018

Абрамович го повика Зидан да го преземе Челзи

Само што го напушти Реал Мадрид, Зинедин Зидан бил контактиран од Роман Абрамович, претседателот на Челзи, за да ја преземе клупата на фудбалскиот тим од Лондон.

Британските медиуми пишуваат дека Абрамович ги стопирал преговорите со Италијанецот Маурицио Сари поради изненадувачкото заминување на Французинот по третата последователна шампионска титула на Европа.
Челзи моментно има менаџер, Антонио Конте, но можно е тој да добие отказ поради исклучително променливите резултати во изминатата сезона.
Абрамович сака наследник на Конте да биде легендарниот Зидан, иако практично сè договорил со Сари, кој сега е втора опција.
Но, големо е прашањето дали Зидан е подготвен да дојде во турбулентниот Челзи, посебно бидејќи сака одмор по Реал.

Најнови вести