Корисничко име Лозинка Пријави се
05.6.2018

Кариус во финалето играл со потрес на мозокот

Лорис Кариус, голманот на Ливерпул, доживеал потрес на мозокот во финалето на Лигата на шампионите против Реал Мадрид, потврдија лекарите од Соединетите Американски Држави.

Чуварот на мрежата на „црвените“ беше директен виновник за двата гола кои ги прими Ливерпул во финалето и на крајот беше поразен со 3-1 во борбата за трофејот.
Кариус прво киксираше во 51-вата минута, кога топката ја спушти на ногата на Карим Бензема за 1-0, а во 83-тата минута таа му помина низ рацете до мрежата по ударот на Герет Бејл.
Можеби нема да го промени исходот на тој натпревар, но можеби ќе му ја олесни совеста тоа што му е откриено во болницата во Масачусетс дека имал потрес на мозокот во текот на финалето.
„Откако внимателно го прегледавме натпреварот и ги зедовме предвид неговото однесување пред и по контактот, физичките испитувања и медицинските процени, заклучивме дека господинот Кариус доживеал потрес на мозокот во текот на натпреварот на 26-ти мај 2018 година“, се наведува во соопштението на болницата од Бостон.
Се наведува и дека симптомите откриени со испитувањето многу е можно да влијаеле на неговата лоша игра во тој натпревар.
„Кариус постепено забележува напредок од трауматичниот удар и очекуваме целосно да закрепне, врз основа на резултатите од испитувањата“, пишува во процената на бостонската болница.

Најнови вести