Корисничко име Лозинка Пријави се
05.6.2018

Блан е подготвен, но Челзи сè уште се надева на Сари

Челзи, минатогодишниот шампион на Англија, ги договорил начелните услови со францускиот тренер Лоран Блан, но сè уште се надева дека би можело да успее во првобитната намера – на клупата да го доведе Маурицио Сари, јавува „Спортиталија“.

Марина Грановскаја, претставничката на „сините“, имала состанок со Блан во Лондон и ја договорила соработката, но поранешниот стратег на ПСЖ ќе биде промовиран по неколку дена. Причина за тоа е надежта на „Стемфорд бриџ“ дека работата со првиот пик Сари, сепак, би можело да има среќен завршеток.
Претходните дена беше објавено дека Италијанецот нема да дојде во Челзи бидејќи лондонскиот клуб не сака да му ја плати откупната клаузула од осум милиони евра на Наполи.
Но, сега наводно се појавила опција дека Сари би можело да добие чисти документи од „наполитанците“, со што главната пречка би била надмината.
Во секој случај, името на новиот менаџер на „сините“ ќе биде познато во наредните дена, а тоа би требало да биде или Лоран Блан или Маурицио Сари.

Најнови вести