Корисничко име Лозинка Пријави се
05.6.2018

УЕФА ја затвори трибината на Зенит, казнети Барселона, Гвардиола...

Фудбалскиот клуб Зенит наредниот натпревар во европските натпреварувања ќе го игра пред празни трибини поради расистичко однесување на навивачите.

Европската фудбалска унија го казни Зенит и со вкупно 70.000 евра за расистичкото однесување на навивачите на рускиот клуб на натпреварот со Лајпциг во Лигата на Европа, кој се одигра во март.
Покрај за расистичкото однесување, Зенит е казнет и поради тоа што навивачите фрлаа предмети на теренот, но и ги блокираа скалите на стадионот „Крестовкси“.
Разгледани се и пријавите против многу други клубови.
Ливерпул е казнет со 20.000 евра поради палење пиротехника, фрлање предмети во теренот, неспортско однесување на навивачите и правење материјална штета на натпреварот со Манчестер сити во Лигата на шампионите.
Пеп Гвардиола, тренерот на Манчестер сити, е условно казнет со суспензија на два натпревара во рок од една година поради исклучувањето и непримерното однесување на натпреварот со Ливерпул.
Ливерпул за уште два натпревара е казнет вкупно 9.000 евра.
Барселона доби предупредување бидејќи навивачите фрлаа балони на теренот на натпреварот против Рома во четврт-финалето на Лигата на шампионите.
ЦСКА од Москва ќе плати 20.000 евра поради пиротехника, фрлање предмети на теренот и блокирање на скалите на натпреварот со Арсенал во Лигата на Европа.
Атлетико Мадрид е казнет со 18.000 евра поради блокирање на скалите и загрозување на безбедноста на полуфиналето од Лигата на Европа против Арсенал.

Најнови вести