Корисничко име Лозинка Пријави се
06.6.2018

Рамос: И Фирмино се разболи бидејќи капка од мојата пот падна на него

Серхио Рамос, фудбалерот на Реал Мадрид, не сака да ја прифати вината поради тоа што Мохамед Салах го повреди рамото по дуелот со него во финалето на Лигата на шампионите.

Неговиот настап за репрезентацијата на Египет на Светското првенство е под знак прашалник, но сепак би требало да отпатува во Русија бидејќи се наоѓа на списокот со 23-ца играчи на селекторот на таа земја.
Дуелот со Рамос наиде на осуда пред сите Египќани, а навивачите на репрезентацијата на таа земја, но и на Ливерпул го обвинија шпанскиот фудбалер дека намерно го повредил Салах.
„Не сакав да зборувам за тоа бидејќи сè се преувеличува на крајот, но внимателно ја гледав снимката и тој прво ја фати мојата рака и јас паднав на другата страна. Тој ја повреди својата друга рака, но луѓето зборуваат дека тоа е потег на џудо“, изјави Рамос за шпанските медиуми.
Салах, напаѓачот на Ливерпул, по дуелот мораше да го напушти теренот во текот на првото полувреме од финалето, кога излезе со солзи.
Рамос изјави дека контактирал со Салах по финалето да види како му е.
„Се допишувавме и добро му оди. Да примеше инјекција, ќе можеше да игра и во првото полувреме. Јас неколку пати сум направил такво нешто. Не е голема работа, но делува дека кога Рамос ќе направи нешто, тогаш добива малку повеќе внимание“, додаде фудбалерот на Реал.
Тој во текот на финалето се судри со Лорис Кариус, голманот на Ливерпул, кога без топката го удри со лакотот во глава. УЕФА не покрена постапка поради тоа.
„Тогаш голманот изјави дека е запрепастен од ударот. Следна работа би била и Роберто Фирмино да каже дека бил настинат поради тоа што капка од мојата пот паднала на него“, изјави Рамос.

Најнови вести