Корисничко име Лозинка Пријави се
07.6.2018

Шаќири најблиску до „Енфилд роуд“

Ливерпул офанзивно тргна во летниот преоден рок. Веќе ги договорил Фабио и Кејта, а блиску е и Фекир. Но „црвените“ нема да застанат на тоа.

Доведувањето на Џердан Шаќири, веројатно најдобриот играч на Стоук, е олеснето со фактот дека „грнчарите“ испаднаа од Премиер лигата. Со самото тоа, може да се активира клаузулата во случај на испаѓање, која изнесува околу 15 и пол милиони евра. Тоа за Ливерпул не би требало да биде поголем проблем, а и Стоук би заработил нешто, бидејќи во 2015 година од Интер го доведе за 13 и пол милиони евра.
Сигурно е дека Шаќири ќе си замине од „Британија“ бидејќи не сака да игра во Шампионат лигата, само прашање е дали некој ќе ги замрси сметките на Ливерпул, кој истиот играч го сакаше и во 2014 година, кога играше за Баерн, а Пеп Гвардиола реши да го задржи.

Најнови вести