Корисничко име Лозинка Пријави се
08.6.2018

Фекир на лекарски прегледи во Ливерпул

Набил Фекир, фудбалерот на Олимпик од Лион, е на чекор од трансфер во Ливерпул, а останува само да ги заврши лекарските прегледи, кои се закажани за денес.

За трансферот на францускиот фудбалер се шпекулираше веќе подолго време, а пред неколку дена Ромен Коле-Годен, реномираниот новинар на Канал+, објави дека играчот за врска и неговиот агент го договориле трансферот во Ливерпул.
Последните информации укажуваат дека „црвените“ за Фекир ќе платат 55 милиони евра, плус пет милиони потенцијални бонуси.
Фекир е роден пред 24 години токму во Лион, а за првиот тим на Олимпик од тој град дебитираше во 2013 година. Игра на позицијата офанзивен играч за врска, а во претходната сезона во Лига 1, во која Лион заврши на третата позиција, а која води во Лигата на шампионите, постигна дури 18 гола на 29 натпревари.
Ливерпул продолжува активно во преодниот рок, бидејќи досега во своите редови веќе ги доведе Наби Кејта, централниот играч за врска на германскиот Лајпциг, и Бразилецот Фабињо од Монако. Токму Фабињо пред неколку дена изјави дека би сакал да соработува со Фекир.

Најнови вести