Корисничко име Лозинка Пријави се
11.6.2018

Македонија убедлива на првиот меч Романија

Ракометната репрезентација на Македонија имаше одличен старт и оствари убедлива победа од 32-24 против селекцијата на Романија во првиот натпревар од баражот за пласман на Светското првенство 2019 година, кое ќе се одржи во Германија и Данска.

Ракометарите на Македонија остварија убедлива победа со осум гола разлика, што би требало да биде доволно за пласман и на Мундијалот следната година.
Репрезентативците на Романија одлично го почнаа натпреварот поведувајќи со 2-0, но потоа нашите ракометари направи ја фантастична серија од 8-0 и понатаму ја предводеа играта, а на полувремето заминаа со предност од 15-10.
Во вториот дел од натпреварот, Македонија ја направи и најголемата разлика со предноста од 24-14, но не успеа да ја задржи и на крајот славеше со 32-34.
„Ова беше само првото полувреме, очекувам дека на реваншот ќе биде тешко. Победивме со осум гола разлика, но не е готово. Почнавме лошо, но потоа реализиравме неколку брзи напади. Во второто полувреме имавме добри периоди, но имавме и грешки. Романија има добар тренер и добри играчи, очекувам таму да биде тешко“, изјави Раул Гонзалес по натпреварот.
Најефикасни играчи во македонскиот тим беа Кире Лазаров и Дејан Манасков со по седум погодоци, додека Борко Ристовски имаше 14 одбрани.
Реваншот во Романија се игра во среда, а се очекува нашите репрезентативци да го заверат пласманот за Светското првенство следната година.

 

Најнови вести