Корисничко име Лозинка Пријави се
14.6.2018

Дерби на стартот на Премиер лигата: Арсенал ќе го дочека Сити

Фудбалерите на Арсенал на стартот на сезоната на Премиер лигата ќе го дочекаат шампионот Манчестер сити, додека Фулам ќе го нагости Кристал палас, одлучено е со денешната ждрепка.

Лондонскиот клуб, кој по повеќе од две децении стартува без Арсен Венгер, со новиот менаџер Унаи Емери ќе има тешка задача во второто коло, кога гостува кај градскиот ривал Челзи, кој на стартот ќе игра со Хадерсфилд.
Европскиот вицешампион Ливерпул во првото коло ќе го дочека Вест хем, додека Манчестер јунајтед ќе го нагости Лестер.
Тотенхем ќе оди во Њукасл, а повратникот во елитата Вулверхемптон ќе биде домаќин на Евертон.
Во преостанатите натпревари ќе се сретнат: Борнмут – Кардиф, Саутхемптон – Барнли и Ватфорд – Брајтон.

Најнови вести