Корисничко име Лозинка Пријави се
18.6.2018

Креспо: „Меси не е Марадона, не може сам да го освои Светското првенство“

Ернан Креспо, поранешниот аргентински фудбалер, ја критикуваше партијата на Лионел Меси против Исланд, најмногу поради тоа што немаше адекватна поддршка од своите соиграчи.

Меси беше трагичар на својата нација во ремито против Исланд, кога имаше шанса на екипата да ѝ донесе предност или евентуална победа од пенал, но не успеа.
„Тој е феноменален ако му ги дадете вистинските услови, какви што има во Барселона, надвор од тоа нему му е тешко“, изјави Креспо за „Газета дело спорт“.
Креспо ги потсети сите навивачи дека на Меси му е потребна адекватна поддршка, а ако ја нема, како што беше случајот во дуелот со Исланд, тогаш настанува проблем.
„Да почнеме со фактите. Меси заслужи многу лоша оценка за својата партија, а да погодеше пенал, таа не би била многу подобра. Меси не е Марадона, тој не може сам да го освои Светското првенство“, изјави Креспо.
Поранешниот аргентински голгетер изјави дека Меси ја немал потребната поддршка против Исланѓаните, а најмногу го критикуваше Анхел ди Марија.

Најнови вести