Корисничко име Лозинка Пријави се
18.6.2018

Русите без повредениот Џагоев против Египет и Уругвај

Алан Џагоев, еден од најдобрите руски фудбалери, поради повреда нема да игра во претстојните два натпревара од групната фаза на Светското првенство против Египет и против Уругвај.

Играчот за врска на ЦСКА од Москва на премиерата во победата над Саудиска Арабија (5-0) мораше да го напушти теренот во 24-тата минута на „Лужники“ поради повреда на бутниот мускул и го очекува пауза од седум дена.
„Имам лоши вести, ќе бидам подготвен дури за нокаут-фазата, ако се пласираме понатаму. Се надевам дека ќе добијам таква шанса“, изјави Џагоев за руските медиуми.
Џагоев е еден од клучните играчи на репрезентацијата на Русија, но против Саудијците на најдобар начин го замени Денис Черишев , кој постигна два ефективни гола.
Русите во среда ќе играат против Египет во Санкт Петербург и со победа би играле во нокаут-фазата на Мундијалот, а на 25-ти јуни против Уругвај во Самара.

 

Најнови вести