Корисничко име Лозинка Пријави се
19.6.2018

Атлетико потпиша со тројца играчи во еден ден!

Атлетико Мадрид во еден ден заврши три големи работи. „Јорганџиите“ на нивната интернет-страница потврдија дека ја обновиле соработката со Антоан Гриезман и со Лукас Ернандес и потпишале договор со Томас Лемар.

Антоан Гриезман, најдобриот играч на Атлетико Мадрид, неодамна ги отстрани сите дилеми каде ќе ја продолжи кариерата, а вчера стави потпис на договорот до 2023 година.
Лукас Ернандес, дефанзивниот играч на „јорганџиите“, на стадионот „Ванда Метрополитано“ ќе остане една сезона подолго, додека Томас Лемар, нивниот соиграч од репрезентацијата на Франција и неодамнешен член на Монако, потпиша договор, но дури откако ќе ги помине лекарските прегледи, Атлетико ќе ја заврши работата со клубот од Кнежевството.
Сите тројца играчи моментно се во Русија, каде што нивниот национален тим учествува на Светското првенство.
Франција на стартот на Мундијалот ја победи Австралија со 2-1, додека во второто коло на 21-ви јуни во Екатеринбург ќе се сретне со Перу.

 

Најнови вести