Корисничко име Лозинка Пријави се
19.6.2018

Мартинес: Голот на Мертенс клучен, секоја чест на Панама

Роберто Мартинес, селекторот на Белгија, изјави дека е задоволен од победата, но ја пофали и противничката екипа, која одлично се бранеше 47 минути.

„Голот на Дрис Мертенс беше исклучително важен. Тој ни даде воздух. Потоа бевме свои. Исто така, и Тибо во неколку наврати нè спаси. Се виде неговата големина. Панама навистина заслужи почитување, но и ние“, изјави Мартинес.
„Овој прв натпревар беше многу важен за Панама, ривалот направи сè за да ја искомплицира нашата работа. Имаат одлични играчи, додека ние сме млад тим и мораме да растеме и да се развиваме. По првиот гол, ја изгубивме концентрацијата. Беше тешко. Имавме неколку шанси да постигнеме гол и натпреварот можеше да заврши со резултат 3-1, 3-2. Во секој случај, не ни дадоа шест или седум гола. Добро одигравме, но противникот беше силен“, изјави Ернан Дарио Гомес, селекторот на Панама.
Белгија во сабота ќе се сретне со Тунис, додека Панама еден ден подоцна ќе игра со Англија.

Најнови вести