Корисничко име Лозинка Пријави се
19.6.2018

Избегната трагедија – се запали авионот со Саудијците

Авионот со фудбалерите на репрезентацијата на Саудиска Арабија се запалил во текот на летот, но без последици на играчите се приземјил на пистата на аеродромот во Ростов, потврдено е од тамошната Федерација.

Во текот на летот се запалил десниот мотор и крилото од таа страна почнало да гори. Драмата во воздухот е овековечена и со видеоснимка.
За среќа на саудиската експедиција, пилотот бил присебен и леталото успеал да го приземји без последици на фудбалерите и на стручниот штаб на учесникот на Светското првенство.
Саудиска Арабија утре, од 17 часот, во натпреварот од групата А ќе се сретне со Уругвај.

Најнови вести