Корисничко име Лозинка Пријави се
19.6.2018

Шкендија против велшкиот Њу Сејнтс во првото квалификациско коло за ЛШ

Македонскиот фудбалски шампион Шкендија во првото коло од квалификациите за Лигата на шампионите ќе игра против Њу Сејнтс од Велс.

Ова беше одредено со денешната ждрепка која се одржа во седиштето на УЕФА, во Нион, Швајцарија.
Фудбалерите на Шкендија би требало да се задоволни од изборот на противникот на денешната ждрепка бидејќи можеа да добијат и посилен противник од групата од АПОЕЛ (Кипар), Карабаг (Азербејџан), Шериф (Молдавија), Видеотон (Унгарија).
Првиот квалификациски натпревар Шкендија ќе го игра на 10/11 јули на домашен терен, додека реваншот ќе биде по една седмица.
Доколку го мине првото квалификациско коло, македонскиот шампион во следната рунда ќе игра против подобриот од двобојот меѓу Торпедо од Грузија и Шериф Тираспол од Молдавија.

 

Најнови вести