Корисничко име Лозинка Пријави се
23.6.2018

Бразил во судиското продолжение до победа

Фудбалерите на Бразил ја победија Костарика со 2-0 (0-0) во второто коло на групата Е на Мундијалот во Русија, а одлучувачкиот погодок го постигна Филипе Кутињо во 91-вата минута, додека Нејмар во 97-мата го потврди триумфот.

Фирмињо ја спушти топката со глава, Жесус не успеа добро да ја прими, а Кутињо дотрча и од седум-осум метри ја испрати топката во мрежата за разочарување на Костарика.
Шест минути подоцна, следуваше контра против веќе уморниот ривал - Даглас Коста беше асистент, а Нејмар конечно го постигна голот и со тоа ја потврди победата на Селесао.
Прва голема шанса на натпреварот имаше Костарика. Во 13-тата минута Гамбо помина на десната страна и одигра повратна за Селсо Борхес, кој шутираше по земја покрај десната страна.
До крајот на првото полувреме Бразил го контролираше натпреварот, но освен слабиот удар на Марсело и лошиот прием од Нејмар, немаше поголеми шанси.
Тимот на Тите со посилно темпо го почна второто полувреме. Минутите поминуваа, а Бразил го засилуваше притисокот. Навас го одбрани ударот на Кутињо со малку проблеми, а во 72-рата минута, по големата грешка на Акоста, шанса имаше Нејмар, но побрза во ситуацијата еден на еден и шутираше покрај голот.
Нејмар беше исклучително нервозен и цело време му приговараше на судијата, неколку пати му беше простен жолт картон, а во 78-мата минута изнуди пенал по дуелот со Гонсалес. Барем така се чинеше во првиот миг, но судијата Кујперс по гледањето на снимката, сепак процени дека нема пенал.
На Костариканците им недостасуваше сила. Од друга страна, Бразилците во себе имаа уште еден бран на напад и Кутињо успеа да ја затресе мрежата и да предизвика екстаза на клупата меѓу соиграчите.
Шест минути подоцна, Нејмар го завери триумфот, па сега Бразил има четири бода од два натпревари, додека Костарика останува без бодови.
Во третото коло Бразил ќе игра со Србија, а Костарика со Швајцарија.

Најнови вести