Корисничко име Лозинка Пријави се
25.6.2018

Ројс: Многумина во Германија сакаат да испаднеме

Германија со голот на Тони Крос во 95-тата минута дојде до победа над Шведска со која „остана“ во живот на Мундијалот, а еден од јунаците беше и стрелецот на израмнувачкиот гол Марко Ројс, кој по натпреварот даде интересна изјава.

„Многумина во Германија ја посакуваа нашата елиминација. Но, покажавме тимски дух, без оглед што Швеѓаните водеа. Секако, имавме шанси и порано да постигнеме гол, но бевме решителни до крајот“, изјави Ројс.
„Тој и порано покажуваше талент за вакви работи, но да го направи тоа во ситуација кога веќе нема поправен и кога сè зависи од тој слободен удар е за голема почит“, додаде Ројс за Тони Крос.
Германија е сега на делба на второто место во групата Ф со Шведска со која имаат идентичен скор – три бода и гол разлика 2:2. Прв е Мексико со шест бодови и гол разлика 3:1.
Германија ќе пројде понатаму доколку ја победи Јужна Кореја со најмалку два гола разлика во последното коло.

Најнови вести