Корисничко име Лозинка Пријави се
25.6.2018

Муса Ваге за историја на Африка, Хонда во историјата на Јапонија

Во возбудлив натпревар во групата Х Јапонија и Сенегал ги поделија бодовите, а мечот го одбележија два историски моменти.

Муса Ваге, стрелецот на вториот гол за Сенегал, стана најмлад африкански фудбалер кој постигнал гол на Светските првенства.
Фудбалерот на белгискиот Ојпон има 19 години и 263 денови со што го надмина рекордот на Хамину Драман од Гана кој во 2006 година против САД имаше нешто повеќе од 20 години.
Сепак, неговиот гол не беше доволен Сенегал да дојде до победата затоа што Кеисуке Хонда во 72-ата минута им донесе бод на Јапонците.
Хонда стана прв Јапонец кој постигнал гол на три Светски првенства.

 

Најнови вести