Корисничко име Лозинка Пријави се
25.6.2018

Расплет во групите А и Б: Иберијците си го бираат следниот противник

Денеска на програмата се последните натпревари во групите А и Б. Од групата А познати се двајцата учесници во осминафиналето, но не и нивните финални позиции, додека од групата Б три репрезентации конкурираат за првите две места.

Русија и Уругвај со по шест бодови сигурно ја остварија првичната цел – пласман во осминафиналето и сега ги очекува меѓусебна борба за првата позиција.
Освен престижот првото место не носи особен бенефит – ривал во осминафиналето и на едните и на другите ќе биде од Иберискиот полуостров, Шпанија или Португалија.
Единствено вреди да се борат за првото место доколку веруваат во чудо и Иран да ја исфрли Португалија или Шпанија. Во тој случај Иран најверојатно би бил втор, што значи дека ќе игра против првопласираната екипа. Треба да е истакне дека иако и двете репрезентации имаат по шест бода, Русија е во многу подобра ситуација поради подобрата гол разлика така што и со реми ќе бидат на првата позиција.
Доколку се гледа понатаму распоредот на нокаут фазата, првото место во четврт-финалето би значело потенцијални дуели со Франција, можеби и со Аргентина, а во полуфиналето со подобриот од мечот Белгија – Англија, и како што сега стојат работите Бразил или Германија. Второто место во четврт-финалето во моментов вкрстува со Хрватска или Данска, а можен противник во полуфиналето е послабо пласираниот од Белгија - Англија, Мексико или Швајцарија. 
Засега второто место делува поатрактивно доколку се занемари ривалот во осминафиналето кој секако ќе биде тежок.
Натпреварите се играат во 16 часот.
Многу поголеми возбудувања се очекуваат во вечерниот термин од 20 часот кога ќе се сретнат Шпанија – Мароко и Португалија – Иран. Само Мароко нема никакви шанси за пласман понатаму. Шпанија и Португалија имаат по четири бодови и иста гол разлика, 4:3. Во случај и двата тима да остварат ист резултат на крајот ќе решава фер-плеј критериумот или кој добил помалку жолти картони.
Иран е трет со три бода и гол разлика 1:1 и со победа над Португалија ќе се пласира во втората фаза, а во случај на нерешен резултат теоретски би можел понатаму доколку Шпанија загуби од Мароко со два гола разлика.
Во суштина Шпанија и Португалија не смеат многу да калкулираат и мораат да играат за победа, а останува да се види дали ќе играат за првото и второто место во групата иако сега подобро делува распоредот предвиден за првопласираната репрезентација (Мексико, Швајцарија, послабиот од Белгија – Англија).

Најнови вести