Корисничко име Лозинка Пријави се
05.7.2018

Вилијан пред Белгија: Уште еден комплициран натпревар

Вилијан, фудбалерот за врска на Челзи и на репрезентативец на Белгија, изјави дека натпреварот против Белгија во четврт-финалето на Светското првенство ќе биде непријатен.

Белгија, покрај Уругвај, е единствената екипа која ги оствари сите четири победи. Од друга страна, Бразил почна со реми против Швајцарија, но потоа ја подигна формата и оствари три триумфи.
„Белгија има одлични играчи. Некои од нив играат или играле во Челзи“, изјави Вилијан.
„Куртуа има малку слаби точки и тешко е да се најдат. Многу е Vrlo je vosok. Азар е одличен. Сега треба да видиме кој е најдобриот правец на нападот. Нема да биде лесно против нив, тоа ќе биде уште еден тежок натпревар. Ќе ја проучиме нивната игра колку што можеме, како што сум уверен дека и тие ќе ја проучуваат нашата. Немам друго што да додадам освен дека ќе биде комплицирано“, изјави Вилијан.
Единствен пат на светските шампионати двете селекции се сретнаа во осминафиналето 2002 година, кога Бразилците славеа со 2-0.
Натпреварот во Казањ на програмата е утре, од 20 часот.

Најнови вести