Корисничко име Лозинка Пријави се
10.7.2018

Роналдо од Јувентус го делат најмногу 48 часа

Челниците на Реал Мадрид и на Јувентус привршуваат со разговорите околу трансферот на Кристијано Роналдо, а работата би требало да биде завршена во наредните два дена.

Како што пренесува „Скај спортс“, шпанскиот и италијанскиот гигант се блиску до тоа да се договорат и веруваат дека во наредните 48 часа двете страни ќе постигнат дефинитивен договор.
Медиумите претходно пишуваа дека португалскиот репрезентативец веќе ги договорил личните услови со „старата дама“ и дека ќе заработува 30 милиони евра по сезона. Останува да се види дали Роналдо ќе потпише двегодишен или четиригодишен договор. Реал од продажбата на официјално најдобриот фудбалер на светот би требало да заработи околу сто милиони евра.
На „Сантијаго Бернабеу“ немаат ништо против тоа да си замине Роналдо, но сакаат да се заштитат од критиките на навивачите и медиумите и од искусниот напаѓач наводно побарале на конференцијата за новинарите да соопшти дека сака да си оди од клубот.
Португалецот на „Сантијаго Бернабеу“ дојде во 2009 година од Манчестер јунајтед за 94 милиони евра, а договорот со Реал му истекува во јуни 2021 година.

Најнови вести