Корисничко име Лозинка Пријави се
11.7.2018

Дали Роналдо го побарал? Јувентус сака уште една ѕвезда на Реал

Јувентус не ја заврши работата со Реал Мадрид со доведувањето на Кристијано Роналдо, сака уште една ѕвезда на Кралскиот клуб.

Како што пренесуваат италијанските медиуми, „старата дама“ е заинтересирана и за одличниот лев бек Марсело.
Бразилецот неодамна наполни 30 години, а бидејќи со Реал има договор до јуни 2022 година, нема да биде евтин.
Нема сомнение дека голема улога во оваа приказна игра токму Роналдо, кој е одличен пријател со Марсело.
Јуве го разгледува универзалниот лев одбранбен играч во случај да го продаде Алекс Сандро, за кого се заинтересирани ПСЖ, Челзи, Манчестер јунајтед и Сити.
Јувентус вчера се договори со Реал за да го купи Роналдо за 112 милиони евра (100 одат за Реал), што е најголем трансфер во историјата на италијанскиот клуб.

Најнови вести